Саудиска Арабија ќе вложи 600 милијарди долари во САД

2025-01-23 09:10

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ријад во следните четири години сака да вложи 600 милијарди долари во САД. Но, тој не прецизираше во што ќе инвестира Саудиска Арабија, бидејќи САД изминатите години...

Трамп: Воведувам царини за ЕУ ​​и Кина

2025-01-23 08:40

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската унија. Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат загрижувачки трговски суфицит со САД. „Европската унија се однесува многу, многу лошо со нас“, рече тој. „Значи, тие ќе мора да се соочат со...

Позната германска пиварница влегува во стечај

2025-01-22 21:00

Килската пиварница, позната по своите уникатни пива, официјално поднесе барање за стечај. Компанијата објави дека, и покрај напорите за справување со економските предизвици, повеќе не е финансиски одржлива. Пиварницата ќе продолжи со своите активности без ограничувања во следните три месеци. Овој период е обезбеден...

Речиси 120.000 млади Бугари се борат со долгови, извршителите им „дишат во врат“

2025-01-22 20:00

Речиси 120.000 млади Бугари во моментов се во долгови, а против нив се покренати предмети за извршување. Оваа информација ја сподели Комората на приватни извршители, пренесува БТА. Податоците го истакнуваат загрижувачкиот тренд на намалување на возраста на должникот во Бугарија во последните години. Од...

Граѓаните должат 4 милијарди евра во банките

2025-01-22 19:31

Кој има штеди во банка, кој нема се задолжува преку кредити. Растат и депозитите и кредитите на граѓаните и компаниите во домашните банки. Во декември лани вкупните депозити достигнаа речиси 9,8 милијарди евра, од кои 6,5 милијарди се заштедите во банка на македонските граѓани....

Пратениците си го намалија коефициентот за плата

2025-01-22 19:00

Пратениците си го намалија коефициентот за плата од 3,04 на 2,69 и од 3,92 на 3,47. Но, тоа не значи дека платата ќе им се намали, туку дека нема драстично да им се покачи. Надлежната собраниска комисија денеска утврди коефициент, со кој, како што...

Се воведуваат субвенции за електрични автомобили во ЕУ

2025-01-22 18:00

ЕУ планира да воведе нови стимулации за купување електрични автомобили во сите земји-членки. Германскиот канцелар Олаф Шолц го потврди овој предлог за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Во многу земји од ЕУ, националните субвенции за електрични автомобили се укинати,...

Додека фирмите ги чекаат парите од Унгарија, каматата за кредитот ја плаќаат граѓаните

2025-01-22 17:00

Општините веќе го реализираат вториот повик, а бизнисот се уште ги чека парите од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки за да ги искористи за инвестиции. Парите легнаа на сметката на државата кон крајот на октомври, но поминаа три месеци додека се договорат сите детали,...

Расте цената на златото и на акциите на технолошките компании, а паѓа на нафтата

2025-01-22 16:00

Златото се искачи на највисокото ниво од почетокот на ноември. Златните шипки вчера се тргуваа околу 2.754 долари за унца, откако скокнаа за 1,4 % во претходната сесија. Златото постави серија рекорди во 2024 година, при што добивките беа поттикнати од олабавувањето на монетарната...

Македонската плата најниска во регионот – како да се извлечеме од дното?

2025-01-22 15:00

Во последниве неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство. За реално да пораснат платите мора...