Граѓаните преку анкета ќе утврдат како ќе се креираат наредните мерки

2023-02-15 21:00

Мерките и активностите што ги презема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните, беа тема на разговор на денешниот работен состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со...

Ревитализацијата на големите ХЕЦ ќе се реализира со 25 милиони евра заем и 11,2 милиони евра грант

2023-02-15 20:00

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница го разгледа Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента I: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната...

Владата ќе ги контролира нафтата и цигарите по европски терк

2023-02-15 19:00

Владата, на предлог на Министерството за финансии, на денешната седница ја разгледала и усвоила информацијата за воспоставување Систем за следење и контрола на тутунски производи и на Систем за следење и контрола на нафта и нафтени деривати – Track&Trace, со препораки за начинот на...

Пропадна еврообврзницата на владата од 600 милиони евра

2023-02-15 18:00

Пропадна еврообврзницата од 600 милиони евра, која сакаше да ја издаде владата – дознава Радио Лидер Како што дознаваме, причината за пропаѓањето е тоа што министерот за правда во заминување Никола Тупанчевски одбил да ја потпише. Според правилата, за да се издаде еврообврзница покрај...

Веро и Џамбо доаѓаат во Струмица – странска инвестиција вредна 3 милиони евра!

2023-02-15 17:00

Нова директна странска инвестиција! Аирлија мои струмичани, познатите брендови Веро и Џамбо ќе ги имаме и во Струмица! Денеска му го предадов одобрението за градба на сопственикот на компанијата Веропулос, Николаос Веропулос. Инвестицијата изнесува 3 милиони евра, а ќе се реализира во северниот дел...

Битиќи: Го воведуваме првиот дигитален асистент „АДА”, базиран на вештачка интелигенција, во јавниот сектор

2023-02-15 16:00

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија, преку демо-симулација беше извршена презентацијата на првиот дигиталниот асистент во јавниот сектор во нашата земја, „АДА” дизајниран за потребите на програмите за државна помош. Апликантот „Кодвел Анлимитед” кој на објавениот јавен повик беше оценет во...

Трошоците за живот за една година се зголемиле за 17,1 отсто

2023-02-15 15:00

Највисок раст на цените во јануари од 1,9 отсто е забележан кај кафето, чајот, какаото, потоа кај рибата и морските плодови за 1,6 отсто и кај свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто. Жестоките пијалаци поскапеле за 1,1 отсто. Трошоците на животот за една година во...

Македонија со континуиран раст на трговската размена со Албанија и Србија од стартот на „Отворен Балкан“

2023-02-15 14:00

Поврзувањето на Северна Македонија, Албанија и Србија во иницијативата „Отворен Балкан“ придонесува за развој на економиите и зголемување на размената меѓу земјите учеснички во оваа иницијатива. Првите преземени чекори и олеснувања се во насока на градење заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без...

Донесена е програмата за земјоделски субвенции

2023-02-15 13:00

Донесена е новата програма за субвенционирање на земјоделството за 2023 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат скоро 6,4 милијарди денари. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за растителното производство. Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство,...

Халкбанк донираше 500.000 евра за настраданите во земјотресот во Турција

2023-02-15 12:00

Халкбанк АД Скопје донесе одлука да донира 500.000 евра за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије (Турција). Во овие 11 години колку што постои како бренд и се развива во Македонија, Халкбанк АД Скопје целокупниот профит сразмерно го распределува...