За опремување на индустриските зони во Војводина 310 милиони динари

2022-12-20 09:00

Претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ, врачи договори во вредност од 310 милиони динари за доделување грантови на шест локални самоуправи за кофинансирање на инфраструктурна опрема на индустриските и деловните зони во Војводина, инормира Танјуг. Како што соопштија од покраината, станува збор за градежни,...

Нов јавен повик за финансиска поддршка на авиолинии

2022-12-20 08:12

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе информира за новиот јавен повик за финансиска поддршка на нови авиолинии. Со Предлог буџетот за следната година се предвидени 1,1 милион евра за финаниска подршка за нови авиолинии, согласно со новиот јавен повик. Владата на...

Доделени награди за набавка на трактори, косилки, блендери и друга опрема за развој на македонски и српски социјални претпријатија

2022-12-19 21:00

Минатиот викенд (17-ти и 18-ти декември), во Ниш-Србија, беа прогласени победниците од Академијата за социјално претприемништво која се спроведе во рамки на прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“. Вкупниот фонд од 15 000 евра за награди во опрема и услуги...

Ангеловска–Божоска за „Новости”: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто

2022-12-19 20:00

Гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, Анита Ангеловска Божоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. -Ефект може да има и напорите...

Трансформаторот за РЕК „Битола“, денеска пристигнува во Солун, утре тргнува кон Битола

2022-12-19 19:00

Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК „Битола“ да работаат во исто време и да испорачуваат електрична енергија, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. На прес-конференција во РЕК „Битола“, Ковачевски потврди дека попладнево од Истанбул со брод до Солун...

Што предвидува планот за Попова Шапка: нови 16 скијачки патеки, сезона од над 100 денови…

2022-12-19 18:00

Скијачки патеки, системи за вештачки снег, сместувачки капацитети, паркинзи, ски-лифтови, жичари, угостителски објекти, како и планинарски домови, предвидува планот за разој на ски-центарот Попова Шапка, што денеска на прес-конференција го претстави компанијата „ТехноАлпин“, а е одобрен од Владата. Станува збор за инвестиција вредна над...

Бежоска за „Вечерње новости“: На регионот му е потребен побрз раст за приближување кон EУ

2022-12-19 17:55

„Иницијативите што може да ги намалат препреките за слободен проток на луѓе, стоки, услуги, капитал имаат потенцијал за унапредување на перспективите за економски раст на регионот. Тоа е особено значајно за нашите мали и отворени економии, со ниво на доход коешто е само околу...

Сојузот на стопанските комори: Малите и микропретпријатијата на удар на измените на Законот за данокот на добивката

2022-12-19 17:00

Предлог на Закон за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија, истакнува Сојузот на стопански комори...

Пауел од Банката на федерални резерви повторно е најголемиот страв за крипто-пазарот

2022-12-19 16:00

Откако поминаа најлошите последици од колапсот на крипто империјата на Сем Бенкмен-Фрид, трговците повторно се фокусирани на познатиот непријател – Федералните резерви. Кампањата на американската централна банка за спречување на зголемената инфлација со затегнување на монетарната политика повторно ги исплаши трговците. Претходно, минатата недела,...

Руската рубља падна на најниско ниво во последната половина година

2022-12-19 15:04

Руската рубља утринава падна на најниско ниво во однос на американскиот долар, во речиси 6 месеци, поради релативно ниските цени на нафтата и стравувањата дека санкциите против Русија би можеле да ја ограничат извозната заработка на земјата, пренесе Ројтерс, цитирана од БТА. Утрово, руската...