Прилепското стопанство бара итна помош за скапата струја

2022-10-04 13:00

Прилепското стопанство чека државна помош и субвенции за струјата, зашто со моменталната состојба, а допрва е зимата, ситуацијата станува неиздржлива. Најавата за да се плаќа по 250 евра мегават час, а разликата во повисоката цена да ја субвенционира државата, многу би помогнало, велат стопанствениците.Филип...

Хидросистемот „Стрежево“ тоне во загуби

2022-10-04 12:00

За првите шест месеци од оваа година ЈП „Стрежево“покажало загуба од над 2,5 милиони евра. Претпријатието, кое е под државна капа, раководи со хидросистемот „Стрежево“, и снабдува со вода за наводнување 20.200 хектари земјоделско земјиште и е главен доставувач на сурова вода за индустријата,...

Тешка зима и со загадување на воздухот – Нуредини: Граѓаните да се греат на струја

2022-10-04 11:00

Покрај енергетската и економската криза, ни претстои и тешка зима со аерозагадување. Ова го изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Но, апелира граѓаните да се греат на струја бидејќи како што вели за домаќинствата има доволно електрична енергија. Што се...

Горивата поскапуваат од половина до два денари по литар!

2022-10-04 10:00

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а екстра лесното масло за домаќинството за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување...

Намалена куповна моќ на граѓаните во Црна Гора, инфлацијата 15 отсто

2022-10-04 09:34

Куповната моќ на граѓаните на Црна Гора, според анализата на Центарот за економски и европски студии, е намалена за цели 15 отсто поради многу високата стапка на инфлација. Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора од 718 евра, колку што беше во...

Акциите на „Credit Suisse“ паднаа за 12% на рекордно ниско ниво!

2022-10-03 21:00

Акциите на швајцарската инвестициска банка „Credit Suisse Group AG“ достигнаа ново рекордно ниско ниво, откако обидите на менаџментот да ги увери пазарите во својата финансиска стабилност само дополнително го зголемија чувството на превирања околу проблематичната швајцарска банка. Акциите на банката паднаа за цели 12...

Британија се откажува од даночните намалувања за најбогатите

2022-10-03 20:00

Британскиот министер за финансии, Кваси Квартенг, најави дека владата се откажува од намалувањето на даноците за најбогатите и рече дека покажува оти ги разбира и ги слуша своите граѓани и дека нема намера да поднесе оставка, пренесуваат агенциите. „Нема да ја укинеме даночната стапка...

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

2022-10-03 19:00

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација. Ваква одлука донесе Бундестагот, пренесува „Капитал“. Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашањето колку...

Инфлацијата во Турција со рекордни 83,45% во септември!

2022-10-03 18:00

Годишната инфлација во Турција достигна ново ниво од 83,45 отсто во септември, покажаа денеска официјалните податоци, бидејќи растечките цени на суровините продолжуваат да ги погодуваат домаќинствата кои веќе се притиснати од високите трошоци за енергија, храна и домување. Турскиот институт за статистика објави дека...

МЖСПП ги проверува информациите дека кубен метар дрва се продава за 50 % повисока цена

2022-10-03 17:00

Ние ја отворивме оваа тема на минатата владина седница. Во правилникот пишува 3000 денари. Зошто се продава со вакви цени во приватниот сектор очекуваме да добиеме информација од Инспекторатот, посочи министерот. Според регулативата на ЈП „Национални шуми“ цената за еден кубен метар дрва за...