Со пристап до интернет 86,6 проценти од домаќинствата

2022-11-18 17:00

Во првиот квартал годинава 86,6 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што претставува зголемување за околу три проценти во однос на 2021 година, кога биле 83,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупното население на возраст од 15 до...

За шест месеци од патарини наплатени 12 милиони евра

2022-11-18 16:00

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 12 милиони евра. Наплатените средства се 20,99 отсто од вкупно планираниот приход по тој основ за годинава. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е...

Турската компанија „Текнопанел“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје – 120 работни места со просечна плата од 600 евра

2022-11-18 15:00

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“ во ТИРЗ Скопје 1. Станува збор за високотехнолошката компанија, која ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет за производство на иновативни т.н. сендвич-покривни панели, кои...

Мицкоски: „Предлог буџетот за 2023 е инфлаторен, има нови даноци и скалесто оданочување“

2022-11-18 14:00

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во утринската емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер зборувајќи за предлог Буџетот за 2023 година на владата на СДСМ вели дека истиот е инфлаторен, а Македонија има највисока стапка на инфлација во историјата. Тој...

Ултиматумот на Маск доведе до егзодус на вработените од „Твитер“

2022-11-18 13:00

„Твитер“ се бори да ги задржи вработените откако неговиот нов сопственик Илон Маск побара тие да се посветат на прекувремена работа со висок интензитет или во спротивно да ја напуштат компанијата. Кризата во „Твитер“ синоќа се продлабочи, бидејќи беше објавено дека стотина вработени дека...

Шесто издание на Деновите на финансиската писменост

2022-11-18 12:00

Деновите на финансиската писменост, коишто се организираат по шести пат, годинава ќе се одржат од 23 до 25 ноември, со обезбедување на предавања на повеќе теми за секој заинтересиран граѓанин. Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за...

Комерцијална Банка горда на својата стипендистка Елена Ставревска

2022-11-18 11:00

Студентите се иднината и основата на секое општество. 17 ноември е денот кога светот се потсетува на минати настани во кои студентите ја покажале својата сила, заедништво и одговорност и го одбележува како Меѓународен ден на студентите. Но, и како потсетник дека иднината на...

Дополнителна помош до 1.500 денари за пензионерите и до 3.000 денари месечно за загрозени категории на граѓани

2022-11-18 10:00

Согласно законот предвидено е помош да добијат: Корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од...

Мицкоски: Добро што ММФ и Светска банка ќе ја контролираат власта како ги трошат парите

2022-11-18 10:00

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното интервју на „Република“ истакна дека е добро што ММФ и Светска банка ќе ја контролираат власта како ги трошат парите што ги земаат како заем. Откако ја донесоа државата во бездна и ја доведоа во прашање ликвидноста на државата и редовната...

Инфлацијата во еврозоната на рекордни 10,6%

2022-11-18 09:38

Инфлацијата во еврозоната не стивнува и во октомври повторно го собори рекордот. Потрошувачките цени за 12 месеци пораснале за 10,6 отсто, објави вчеравечер Евростат, статистичката агенција на Европската унија. Инфлацијата не била толку силна од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Во...