Македонската ИТ-индустрија лани извезла „памет“ вреден 300 милиони евра

2022-06-03 21:00

Пандемијата со Ковид-19 позитивно ги стимулира програмерите. Извозот на компјутерски услуги во 2019 година изнесувал 187,43 милиони евра, во 2020 г. изнесувал 214,86 милиони евра, а лани, пак, има драстичен скок на извозот од 295,19 милиони евра, што е пораст од околу 110 милиони...

Стапката на невработеност во првиот квартал 14,8 отсто

2022-06-03 20:00

Во првото тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесувало 811.197 лица, од кои вработени биле 691.498, а 119.699 лица се воделе како невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на активност во овој период е 55,3 отсто, стапката на вработеност...

Во 2020 година годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен 545.015 денари

2022-06-03 19:00

Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен има во секторот Информации и комуникации и изнесува 958 664 денари. Во 2020 година, годишниот просек на издатоци на работодавачот по фактички одработен час изнесува 306 денари, а вкупниот годишен просек на фактички одработени часови...

Овоштарите можат да добијат субвенции до 12.000 денари по хектар

2022-06-03 18:02

Овоштарите директните плаќања ги добиваат по 4 основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти. Право на субвенции имаат и производителите на домашни овошни садници… Корисници на финансиската поддршка...

Британија има најголем број купувачи на имот на кредит во Европа, а Македонија најмалку

2022-06-03 17:00

Велика Британија заостанува зад другите европски земји во однос на процентот на населението што живее во сопствените домови, но е на прво место во однос на секторот за хипотека и бројот на имоти купени со хипотека. Студијата на брокерот за хипотеки „Henry Dannell“ покажа...

Бизнис секторот со предлози за ублажување на ценовниот шок

2022-06-03 16:00

По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање...

Тркалезна маса „Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на фирмите“

2022-06-03 15:00

Стопанската комора на Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ организираат тркалезната маса на која ќе се дискутираат неколку теми поврзани со Предлог законот за инсолвентност, раните знаци за предупредување за настанување на инсолвентност и можностите за поефикасно преструктуирање, предоговарање и задржување на...

Отворен саем за вработување и кариера во Гостивар

2022-06-03 14:00

Со панел дискусии и изложбени штандови на повеќе компании од Полог, претпладнево беше отворен саем за вработување и кариера во седиштето на Младинскиот ресурсен центар „I Can“ во Гостивар. На отварањето зборуваа вицепремиерот за економски прашања, координација со економски ресурси и инвестиции Фатмир Битиќи...

Битиќи: Не може цената да се зголеми 20 отсто за 24 часа, ќе реагираат инспекциите

2022-06-03 13:00

Не може поскапувањата да бидат за 20 отсто за 24 часа, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи појаснувајќи дека а трговците и останатите дејности во голем дел се служат со манипулации со цените и дека ќе мора да реагираат инспекциските служби. „Со особен...

„Крвна слика“ на банкарството: првото тримесечје со 10 милиони евра поголема добивка од лани и раст на активите кај сите банки

2022-06-03 12:30

Првото тримесечје од годинава македонскиот банкарски сектор го завршил со добивка по оданочување од 42,7 милиони евра. Тоа е за околу 10 милиони евра повеќе во однос на ланската добивка за истиот период кога банкарскиот сектор профитирал со 32,2 милиони евра, покажуваат податоците од...