Наведуваат дека причините се што немаат работници, климатските промени, домашните производи се 100 проценти природни без додатоци, а имаат многу ниски цени. Поразителни се и податоците на сточарите кои наведуваат дека за пет години во беровско-пехчевскиот регион, каде се произведува брендираното малешевско сирење, стадата на овци се преполовени. Ако претходно имале 16.000 сега имаат над 8.000 грла овци.
Токмку поради овие причини не е исплатливо да се произведува сирење и млечни производи во домашни услови, а резултатите што ги гледаме на терен се: младите не сакаат да работат и да продолжат со сточарството. Затоа се продаваат цели стади на овци, велат група на сточари од Брегалничкиот регион.
Тие побараа од министерството за земјоделство и да се намали рокот за чување на пријавените овци од 1 декември на 1 октомври.
Во маркетите веќе се бележи зголемување на цената на млечните производи. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека во јули цената на сирењето и урдата скоканала за 1,8 проценти споредено со цената во јули лани, а пак цената на млекото за една година скокнала 0,8 проценти. Граѓаните велат дека постојано ги следат акциите во супермаркетите.
Утешна е информацијата од страна на одгледувачите на свињи и производителите на месо, кои деновиве излегоа со став дека цената на свинското месо нема да се зголеми, бидејќи ниската откупна цена на јачменото ја држи сегашната цена на свинското месо.