Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари кон нивото од 28 долари за барел, под притисокот на процените дека договореното намалување на снабдувањето нема целосно да го неутрализира огромниот пад на побарувачката поради прекинатите економски активности како причина на пандемијата на коронавирусот.
На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 1,18 долари во однос на затворањето на претходниот трговски ден, на 28,42 долари. Во вторникот во Лондон тргувањето заврши со минус 2,14 долари. На американскиот пазар, пак, се тргуваше по 43 центи пониска цена, од 19,68 долари. Вчерашното тргување беше затворено со негатива од 2,3 долари.
Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) претпладнето објави дека цената на референтната кошничка нафта на нејзините челнки во вторникот чинела 19,70 долари, што значи дека паднала за 1,48 долари во однос на претходниот трговски ден.
Светските пазари на нафтата во вторникот беа вознемирани од процените на инвеститорите дека договореното координирано намалување на снабдувањето од водечките производители од групацијата OPEC+ нема да биде доволно да се неутрелизира разорното влијание врз глобалната економија од пандемијата на коронавирусот на побарувачката на „црното злато“.
Во средата овие процени ги поткрепи и Меѓународната агенција за енергија (IEA), прогнозирајќи дека побарувачката во април ќе падне на 29 милиони барели дневно, најноското во последните 25 години. Во IEA напомнуваат и дека никакво намалување на производството нема да може целосно да го надомести краткорочниот пад на поберувачката на пазарот.
„Не постои договор кој би бил изводлив и би го намалил снабдувањето во толкава мерка за да ги неутрализира краткорочните губења на побарувачката. Но, она што беше постигнато минатата седмица, преставува солиден почеток“, соопштија од IEA, пренесува агенцијата AFP.