Европските берзански индекси денеска се во пораст, нафтата поскапе, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на златото и на пченицата.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 83.247 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.861 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 31,295 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2404,34 долари за унца, а на пченицата на 5,6803 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08647, што е приближно исто како во четвртокот.