Цената на работното време во Германија се зголеми за 3 проценти во 2019 година во текот на 2018 година, најголемото зголемување на трошоците за работна сила од 2012 година, соопшти во вторникот германската канцеларија за статистика во Визбаден.

Бруто-часовната стапка се зголеми за 2,9%, а нето часот се зголеми за 3,2%.

Минатата година, со 62,7 милијарди часови, Германија оствари и рекорден број на работни часови, што е највисоко ниво од 1991 година. Бројот на вработени лица во Германија беше исто така рекорден и изнесуваше 45,3 милиони во 2019 година.

Експертите ги поврзуваат трошоците за работна сила со недостигот на работна сила. Според проценките на економските институти, над еден милион работни места во моментот се слободни. Недостаток на експерти исто така ја зголемува цената на работното време.

На ниво на Европската унија, како што произлезе од статистиката објавена денес, најголем пораст на цената на часот е забележан во оние земји-членки каде одливот на квалификувана работна сила е најголем.

Така, во Романија, часот на работа се зголеми за 12,8 % за само една година, во Унгарија за 9,9 проценти и во Бугарија за 9,7 проценти.

Во третиот квартал од 2019 година цената на часови за работа во Хрватска се зголеми за 5,2 проценти во однос на истиот период лани.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк