Цената на златото е во надолна линија и се тргуваше под 1.220 долари за унца денес.
Жолтиот метал падна од 1,220 долари и се спушти на 1,213.10 долари, што е најниско ниво од 16 ноември. Цената се наоѓа во близина на една од најниските точки со месеци.
Како еден од факторите покрај растечката нестабилност на пазарите, протекционизмот на земјите и особено мешањето на американската администрација во условите за тргување меѓу земјите, може да се наведе и се посилниот долар кој допринесува за релативниот пад на цената на златото.