Цените на бакарот скокнаа на највисокото ниво во последните 11 месеци откако кинеските топилници што преработуваат половина од светскиот ископан бакар, се согласија заеднички да го намалат производството.
Референтните тримесечни договори за бакар на Лондонската берза за метали (LME) достигнаа 8.799 долари за метрички тон, највисоко од февруари 2023 година.
Бакарот за испорака во мај поскапи на пазарот „Comex“ во Њујорк, достигнувајќи 4,06 долари за фунта (8.932 долари за тон), што е за 3,3 отсто повеќе од затворањето во вторникот.
„Релито“ започна на фјучерс берзата во Шангај (SHFE), каде што бакарот достигна двегодишен максимум од 70.460 јуани (9.796 долари) за тон.
Најголемите кинески топилници за бакар се согласија за намалување на производството, без да ги прецизираат износите и времето.