Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати.

Според одлуката на Комисијата, малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,041 ден./кг и сега ќе изнесува 51,784 ден./кг.

Од 29.4.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

„евросупер БС-95“ – 84,00 (денари/литар)
„евросупер БС-98“ – 86,00 (денари/литар)
„евродизел БС (Д-Е V)“ – 85,50 (денари/литар)
екстра-лесно масло 1 (ЕЛ-1) – 84,00 (денари/литар)
мазут М-1 НС – 51,784 (денар/килограм)