Цените на недвижностите во Израел скокнаа за 345,7 проценти во претходната деценија, што е најголем пораст во светот, покажува најновото истражување спроведено од британската страница money.co.uk.

Во тој период, платите во Израел се зголемија за 17,5 проценти, а инфлацијата порасна за 0,92 проценти годишно, објави „Ерусалим пост“.

Комбинирајќи ги податоците за цената за метар квадратен во градските центри и населени места, просечната цена за квадратен метар во 2010 година изнесуваше 2.300 евра, а во 2020 година 7.900 евра.

Швајцарија е втора по цените на недвижностите, со 165,5 проценти во претходната деценија, потоа Германија (162 проценти), САД (153 проценти) и Унгарија (137,8 проценти), потоа на десто место се наоѓа Велика Британија, со раст од 74,9 проценти.

Според веб -страницата на OECD.stat, просечната годишна плата во Израел скокна од 36.000 евра во 2010 година на 42.500 евра во 2020 година.

Годишната стапка на инфлација во Израел од 0,92 проценти е меѓу најниските во светот – само Швајцарија (-0,04 проценти), Јапонија (0,42 проценти) и Грција (0,5 проценти) имаа пониски стапки на инфлација во претходната деценија, пренесува Џерусалим пост податоци од Светска банка.