Светските цени на храната стагнираа во јуни во однос на мај, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Светскиот индекс на цените на храната за јуни изнесува 120,6 поени, исто како и во мај, соопшти ФАО.

Поскапувањето на млечните производи, шеќерот и растителните масла го компензираат падот на житарките, додека индексот на цените на месото е речиси непроменет во однос на мај.

Во мај, индексот на цените на млечните производи во просек изнесувал 127,8 поени, што е за 1,2 отсто повеќе во однос на мај.

Светските цени на путерот значително пораснаа во јуни, кои беа највисоки во последните две години, а благо пораснаа и обезмастеното и полномасното млеко, а благо се намали цената на сирењето.

Порастот на светските цени на шеќерот главно се должи на веста дека мајската жетва на шеќерна трска во Бразил не ги исполни очекувањата, па релевантниот индекс порасна за 1,9 отсто месечно, на 119,4 поени.

Показателот што ги следи цените на растителните масла во јуни е на ниво од 131,8 поени, што претставува зголемување од 3,1 отсто во однос на мај.

Цените на растителното масло сега се највисоки од март 2023 година, бидејќи цените на маслото од палма, соја и сончоглед пораснаа во јуни.

Во јуни, индексот на цените на житото во просек изнесуваше 115,2 поени, три отсто повеќе отколку во мај.

Падот на цените на пченицата, пченката и другите житарки е пред се последица на тоа што се жнее на северната хемисфера.

Индексот на цените на месото е практично непроменет во однос на мај и изнесува 116,9 поени.