Новогодишната кошница нема да предизвика драстични промени на зелените пазари.

Новогодишната кошница нема да предизвика драстични промени на зелените пазари. Наместо намалување можно е и зголемување на цените на храната за време на празниците, категорично тврдат производителите, бидејќи според нив и со моменталните цени се на раб на рентабилноста.

Ќе стане ли сезонското овошје и зеленчук луксуз за граѓаните? Тие велат мерката е добредојдена, но скептични се дека цените суштински ќе се намалат.

Драстичниот пад на и онака намаленото домашно производство е главната причина за зголемените цени, посочува претседателот на Националната Земјоделска мрежа, Ѓорѓи Каракашев и според него за очекување е дека цените на храната допрва ќе растат, пренесува ТВ24.