Во текот на изминатата недела, цените на златото и среброто се одржуваа прилично добро во споредба со целокупните пазари. Додека инвеститорите во благородни метали се ‘уште се плашат дека огромна распродажба на златото и среброто ќе се случи за време на следната пазарна несреќа, се чини дека металите и понатаму се многу отпорни за време на големи корекции на пазарот.
Во време на силни поместувања на пазарите поради трговските спорови меѓу САД и остатокот на светот, во време кога произведителите на нафта не можат да се усогласат и цената на нафтата паѓа, благородните метали покажуваат резистентност и истите растат како прибежиште на инвеститорите.
Тврдиот метал и понатаму останува една од најпосакуваните дестинации за сигурност на инвеститорите.
Н.Д.