Цените на златото продолжуваат и денес да растат во Азија поради глобалните трговски грижи.
Фјучерсите за злато за испорака во август на Comex департмантот на Њујоршката берза вчера се тргуваа за 1,429.75 долари за унца – што преставува раст од 1,5%.
Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Кси Јинпинг се согласија да продолжат со трговските разговори оваа недела, но трговците се загрижени дека договорот нема да се случи во блиска иднина, откако трговскиот советник во Белата куќа Питер Наваро рече дека трговските разговори се движат во вистинска насока, но ќе биде потребно време да се направи вистинскиот договор.
Трамп ги поттикна тензиите во трговијата со Кина во вторникот, предупредувајќи дека секој трговски договор треба да биде “малку наклонет” во корист на САД.
Тензиите во трговијата продолжија откако САД предложија 4 милијарди американски долари царини за стока од Европската унија и додадоа маслинки, италијанско сирење и шкотско виски на листата на стоки подложни на царини.
Европската унија, наводно, се подготвува за одмазда, но е отворена за разговори со Вашингтон.
Златото, исто така, беше поткрепено со очекувања за полабава монетарна политика од централните банки, додека Федералните резерви во голема мера се очекуваше да ги намалат стапките овој месец.
Трамп во текот на ноќта рече дека планира да го номинира Џуди Шелтон, економски советник на претседателот за време на неговата кампања во 2016 година, до одборот на Федералните резерви.
Во интервју за CNBC минатиот месец, Шелтон рече дека ќе ја намали референтната каматна стапка на 0% во рок од две години, ако таа биде назначена.
Во минатото, Трамп отворено го критикуваше актуелниот претседател на Федералните резерви Џером Пауел и рече дека централната банка ” е луда” за зголемувањето на каматните стапки, наместо да ги намали.