Ценовен шок или исти цени. Што да очекуваат граѓаните утре кога престанува да важи мерката гарантирани цени, никој не знае. Производителите на леб, млеко и млечни производи, како и месо и сувомеснати продукти најавија дека ќе доставуваат по исти цени.
Сепак, продажната, ќе зависи од трговците, кои можат да ги зголемат маржите. Граѓаните велат дека и сегашните цени се превисоки, па ако поскапат, ќе нема кој да ги купи. Порастот на цените не го следи растот на платите и пензиите и затоа најчество купуваат на попуст.
– Не врувам дека драстично ќе поскапат. Па ќе нема кој да им ги купи. Сувомаснатите производи не стојат, се расипуваат. Пак ќе купуваме на акции, изјави граѓанин.
– Па и пред замрзнување беа високи. Со што да ги купиме. Пензиите се ниски, купуваме на попуст. Ако продаваат со високи маржи, ќе затворат, нема да имаат купувачи, вели друг.
Од утре престануваат да важат и намалените царини за дел од зеленчукот. Пазарџиите најавуваат драстично поскапување, затоа што домашно производство речиси и да нема.
Надлежните најавуваат засилни контроли во маркетите. Побараа од трговците да бидат совесни и да ставаат разумни маржи.
Секако, инспекторите од Пазарниот инспекторат и понатаму будно ќе ја следат ситуацијата на терен и се надеваме дека и субјектите на надзор, односно маркетите ќе бидат во функција на граѓаните, изјави денеска претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска.
Стабилизирање на цените ќе има откако пратениците ќе го донесат законот за нефер трговски практики. Во него се предвидува маржата која трговците ја ставаат на производите, од сегашните 30,40, да се ограничи на 10%.
Ќе се забранат и работите кои трговците ги бараат за некој производ да биде поставен на полица, а нема да смеат да бараат ниту покривање на трошоците за маркетинг, попусти и акции.