Централната банка на Јамајка е новата институција што сака да пушти своја национална дигитална валута. За таа цел почнати се партнерски чекори со ирската компаија eCurrency Mint откакко тие победија на тендер.

Пилот проектот треба да биде готов во мај и се се очекува првите реални анализи да се случат во крајот на годината.

Ако работите одат според планот, eCurrency Mint ќе ја изработи целата инфраструктура за дигиталната валута која би се пуштила помасовно веројатно по една година. Според банката, таа може да се користи од индивидуи и од компании.