„Лидл“ остварува огромни профити на своите пазари во Централна и Источна Европа, се вели во извештајот на „ЛЗ Рејтлитик“. Добивката на Лидл во нивниот бизнис во „Источна Европа“ се проценува дека двојно се зголеми во последните години.
Според овој извештај, Лидл оствари 723 милиони евра во 2017/2018 година, што е многу повисоко отколку во 2014/15 година – 384 милиони евра.
Продавниците од Источна Европа на „Лидл“ во просек достигнаа околу по 6,8 милиони евра во 2017/18 година нето. Лидл во овој период оствари нето продажба од 11 милијарди евра во регионот, што претставува 15% од вкупната европска продажба, објави ЛЗ Ретлититикс.
Лидл на тој начин ја засили својата „борбата“ против Алди, која е присутна во три земји во регионот, додека Лидл има продавници во десет држави.