Централна кооперативна банка АД Скопје на ден 22.3.2021 година, ја исплати втората годишна камата на сопствениците на конвертибилни обврзници со ISIN MKSILB200014 и шифра CKBKO.
Пресметката на каматата е извршена по фиксна каматна стапка од 2,2% на годишно ниво.
Право на исплата на камата имаа сите лица, регистрирани како сопственици во книгата на иматели на конвертибилни обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 21.3.2021 година.