Портрет со ликот на Алан Тјуринг, англиски математичар, логичар и криптограф, ќе биде претставен на новата банкнота од 50 фунти која ќе ја лансира Централната банка на Англија.
Тој се слави за својата работа со кодови кои се покажаа како витални за сојузниците во Втората светска војна.
Банкнотата од 50 фунти ќе биде последна од колекцијата “Bank of England” која ќе се префрли од хартија во полимер кога ќе биде пуштена во оптек до крајот на 2021 година.
Во оптек, се уште има 344 милиони фунти од 50 фунти, во вкупна вредност од 17,2 милијарди фунти, според податоците на Централната банка на Англија.
Банката побара од јавноста да понуди предлози за научникот чиј портрет треба да се појави на банкнотата од 50 фунти. За шест недели, Централната банка на Англија доби 227.299 номинации за 989 квалификувани научници.
Кратката листа беше направена од комисијата, вклучувајќи експерти од областа на науката, пред гувернерот да ја донесе конечната одлука.