Банкарскиот регулатор го продолжува својот курс за намалување на ризиците на пазарот на недвижности
Централната банка на Кина ги повика комерцијалните заемодаватели да не ја намалуваат стапката за хипотека од нивната сегашна вредност, со што регулаторот сака да се престане со експанзијата на станбените кредити, наведува Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со оваа тема.
Институцијата Фибанк обезбеди насоки за јавните банки, јавните друштва на кредитори и други комерцијални заемодаватели, се дознава од извори кои побараа анонимност.
Банките ги примиле упатствата за кои станува збор претходно овој месец.
Овој потег од страна на регулаторот сигнализира дека банкарите го задржуваат својот тек на намалување на ризиците на пазарот на недвижности дури и по забавувањето на економскиот раст.
Одложувањето на растот на даночните приходи натера некои политичари во Кина да ги олеснат правилата за купување на имот, за да ги зголемат приходите од продажба на земјиште, што доведе до ново забрзување во секторот претходно оваа година.
Пондерираната просечна каматна стапка на индивидуалните хипотекарни заеми се намали во првиот квартал, со првиот пад во повеќе од две години. Цените на новите живеалишта во Кина се зголемија во мај.
Лице вработено во државната комерцијална банка, вели дека кредиторот ја зголемил каматата на хипотекарни кредити за купувачи на прв дом, како резултат на тоа, новите кредитобаратели сега плаќаат околу 5,15% камата.
Централната банка не ја има сменето својата едногодишна каматна стапка од 2015 година, и се насочи кон олабавување на финансиските услови за мали фирми и приватниот бизнис, за да го промовира растот главно преку употреба на својот инструмент за односот меѓу резервите.
Овој потег е последниот чекор што кинеските власти ги презеле за да ги зауздаат обновените кредитни ризици на пазарот на недвижности.
Претходно овој месец, Блумберг објави дека кинескиот финансиски регулатор и берзите побараа од некои од домашните градежни компании да го продаваат долгот. Односот меѓу долгот и колатералот на домаќинствата во Кина се зголеми до 53,2% на крајот на 2018 година од 17,9% во 2008 година, иако се очекува стапката на раст веројатно да забави – сепак ова ЛТВ ( Loan To Value ratio ) е прилично високо.