Банката, исто така, ја задржа својата референтна каматна стапка непроменета на 3,25%
Кинеската Централна банка во петокот неочекувано додаде ликвидност на банкарскиот систем за да им помогне на позајмувачите за време на даночната сезона. Аналитичарите ова го гледаа како знак дека зајакнувањето на економијата во поголем обем е малку веројатно во блиска иднина, пренесува Блумберг.
Централната банка на Кина позајми 200 милијарди јуани (29 милијарди долари) годишни заеми на трговските банки во земјата. Банката ја задржа својата референтна каматна стапка непроменета на 3,25%, покажувајќи воздржаност во монетарната политика, иако економските податоци објавени оваа недела беа полоши од очекуваното. Во пораката на Централната банка на Кина се вели дека ликвидноста во банкарскиот систем во моментот е на „доволно разумно“ ниво бидејќи оперативните активности ја неутрализираат потребата на компаниите за финансирање на данокот.
Централната банка обезбеди и уште 40 милијарди јуани за најавените минимални намалувања на минималните потребни задолжителни резерви, со што вкупната внесена сума е 240 милијарди јуани. Властите се воздржуваат веќе 15-ти ден по ред да додаваат средства во економијата со спроведување на операции на отворен пазар, повикувајќи се на постојната „висока“ ликвидност.
Умереното ниво на внесени средства покажува дека централната банка останува ограничена во монетарно олеснување, дури и откако економијата забави понатаму во октомври заради слабите инвестиции и побарувачка. Оваа недела, одборот ги намали своите минимални капитални услови за да обезбеди заем за инвестиции во инфраструктурни проекти.Ова е еден од чекорите на банката за зголемување на производството.
Претходно овој месец, централните банкари ги намалија трошоците на комерцијалните банки на депозити со рок на достасување до една година, за прв пат од 2016 година, во обид да ги смират растечките загрижености за падот на приносите на државните обврзници и забавувањето на економијата.
„Ова е уште една операција со ограничено олеснување, бидејќи ликвидноста обезбедена со намалувањето на резервите може да не биде доволна за да се покрие бараното финансирање за даночни плаќања“, вели Пеикијан Лиу, кинески економист во „Natwest Markets Plc“ во Сингапур.
Лиу, исто така, го привлече вниманието кон тенденцијата на централната банка да развие среднорочни операции за заеми околу средината на месецот пред објавувањето на основната каматна стапка. Токму овие операции можат да се користат како алатка за намалување на основните каматни стапки на заемите, рече таа.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк