Централниот регистар на Република Македонија започнува со спроведување на акцијата „Отворени денови со граѓаните”.
Стручен тим предводен од Директорката Марија Бошковска – Јанковски, денес, во периодот од 11:00 до 14:00 часот ќе одржи отворен ден со граѓаните во канцеларијата на Централниот регистар во Охрид. За време за отворениот ден ќе имате можност да се консултирате за прашања поврзани со работењето на институцијата и да добиете потребни информации и одговори на Вашите прашања, информираат од Централниот регистар на Република Македонија.