Централните банки според извештајот на Голдман Сакс се повеќе откупуваат злато со цел да го одржат нивниот девизен курс и да ги зајакнат своите златни резерви.
Аналитичарот Џеф Кари од оваа престижна финансиска институција смета дека купувањето на злато се должи на операции за намалување на зависноста од американскиот долар и пред се е карактеристика на земји како Русија, Турција, Иран, Венецуела и други.
Дури 20% од целата трговија со злато се должии токму на откуп од страна на централните банки низ светот.
На страна политичките причини ваквите потези може да бидат и добар знак за самите инвеститори кои при избор за распоредување на ризикот на нивното инвестиционо портфолио може да размислуваат и за вложување во злато.
Цената на вредниот метал на светските берзи постојано се зголемува и сега изнесува околу 1450 долари за една унца, но прогнозите се дека до 2021 година ќе стигне до 1600 долари.