За многу вработени луѓе, патот кој секојдневно го поминуваат од нивниот дом до местото каде што работат е еден од клучните фактори за изборот на работното место. Но, што кога самото работно место е на атрактивна локација и обезбедува врвно опремен и мултифункционален канцелариски простор кој може да се адаптира на сечии потреби? Тогаш и самото работно место станува пријатно и посакувано искуство.

Работењето во самиот градски центар може да биде комплицирано, со сиот сообраќај и метеж, кои понекогаш се чини дека е невозможно да се избегнат. Но во самото урбано јадро, а сепак малку подалеку од строгиот центар, се наоѓа вистинска оаза на можности. Бизнис центарот Cevahir кој се наоѓа во населбата Аеродром, во склоп на Cevahir Mall Скопје, располага со 6.700 м2 деловен простор изграден и опремен според најновите стандарди.

Функционален и практичен А класа деловен простор за врвна работна атмосфера, со приватен паркинг и 24/7 безбедност и максимална сигурност. Со брз и лесен пристап до голем број на содржини како ресторани, фитнес центар, супермаркет, шопинг и други објекти каде може брзо да завршиме некоја работа и да заштедиме време.

Лоциран покрај булеварот Србија, Cevahir Business Centar е лесно достапен од сите четири страни на главниот град и нуди идеални услови за пристап. Без разлика дали се доаѓа на работа пеш, со велосипед, со автомобил или со јавен превоз,  до Cevahir Business Centar се стигнува брзо, избегнувајќи ги главните градски патишта каде најчесто се создава метеж во сообраќајот.

https://fb.watch/w6UyfxYUcZ/

Како дел од комплексот Cevahir, овој деловен центар навистина нуди низа придобивки, како можности за шопинг, занимација и опуштање, како кафулиња, ресторани, трговски центар, но и теретана, базен и спа кои се отворени преку целата недела. Дополнително, повеќето од банките, како и поштата, имаат свои филијали на само 5 минути пешачење од комплексот. Така, вработените кои го користат деловниот простор можат да си го организираат денот околу нивните најважни активности, без воопшто да се грижат како ќе стигнат на сите места во вистинско време. А со елиминирање на овие основни грижи, вработениот ќе има повеќе време и енергија за работата и за оние работи кои се навистина важни.

Перцепцијата на деловниот простор значително се промени во последните години, затоа што се’ повеќе компании сфатија дека треба на вработените да им обезбедат не само канцеларија, туку и работно искуство кое им обезбедува додадена вредност. Cevahir Business Center е современ спој на сите потреби, од работа, преку безбедност, до опуштање и лично задоволство, дизајнирано према потребите на модерниот вработен човек. Со други зборови, Cevahir Business Center е совршеното место за вашата компанија. Cushman & Wakefield/ ФОРТОНМКА e ексклузивен агент за изнајмување на просторот.