Што е „Чекор по чекор“

Чекор по чекор е програма на Шпаркасе Банка, креирана во соработка со Social Impact Lab и Start UP Academy. Целта на оваа програма е овозможување поддршка на компаниите што се во почетна фаза на основање свој сопствен бизнис. Со оваа програма старт-ап компаниите имаат можност да добијат различни пакети за едукативна, финансиски и менторска поддршка.

За кого е наменета програмата?

• Млади претприемачи што сакаат да развијат бизнис-идеја.

• Компании што работат 36 месеци.

Што ви нуди програмата?

• Едукативна поддршка

• Кредитна поддршка

• Менторска поддршка и мрежно поврзување.

Целта на програмата е придонес за развојот на локалната заедница, социјалната и економската рамноправност.

За кого е наменета програмата?

  • Нови бизнис-идеи

Имате идеја за нов бизнис и потребна ви е поддршка за да го развиете бизнисот, тука сме да ви помогнеме

  • Старт-ап компанија

Имате компанија што е помлада од 36 месеци и потребна ви е финансиска и едукативна поддршка?! Компанијата се наоѓа во старт-ап фаза или во фаза во развој и сака да развие своја деловна активност

Што ви нуди програмата?

1

Едукативна поддршка

Едукативна поддршка на тема развој на бизнис-идеи, анализа на пазарот и конкуренцијата, управување со трошоците, финансиско работење како и развој на бизнис-планови

2

Финансиска поддршка

Во понудата се наоѓа инвестициски кредит со рок на отплата до 5 години и кредит за трајни обртни средства со рок на отплата до 3 години, во денари и во евра

Максимален износ на кредитот: до 10.000 евра за компании со историја на работење пократка од 12 месеци и до 25.000 евра за компании со историја на работење помеѓу 12 и 36 месеци. Максимален грејс-период од 12 месеци

3

Менторска поддршка

На корисниците на кои ќе им биде одобрен кредит, ќе им биде доделен ментор врз основа на нивните потреби. Менторот во текот на период од 12 месеци ќе ги советува корисниците на кредитот за развојот на нивното работење и ќе им помогне да ги постават и да ги следат своите цели за раст и развој на компанијата. Ментори ќе бидат деловни луѓе со долгогодишно бизнис-искуство и развиени партнерски мрежи, кои сакаат понатаму да го пренесат своето знаење

Производи во понудата

Кредит за финансирање инвестиции

Финансирајте набавка на опрема и возила, купување и адаптација на вашиот деловен простор или проширување на вашиот производствен капацитет со подолг рок на отплата, грејс-период и минимално обезбедување.

    • Кредитот може да биде во МКД
    • Период на отплата до 60 месеци
    • Грејс-период до 12 месеци
    • Отплата на месечни рати
    • Меница како инструмент за обезбедување
    • Едноставна процедура

Кредит за финансирање трајни обртни средства

Финансирање на набавката на суровини, материјали, готови производи и производи со подолг рок на отплата, грејс-период и минимално обезбедување.

    • Кредитот може да биде во МКД
    • Период на отплата до 36 месеци
    • Грејс-период до 12 месеци
    • Отплата на месечни рати
    • Меница како инструмент за обезбедување
    • Едноставна процедура

Максимален износ на кредитот

До 12 месеци работење – 10.000 ЕУР Од 12 до 36 месеци работење – 25.000 ЕУР

    • Предуслов за учество во програмата
    • Компанија која опстојува помалку од 36 месеци
    • Уредна кредитна историја за компанијата и сопственикот на компанијата
    • Сопственикот на компанијата е државјанин на Република Македонија
    • Компанијата нема повеќе од 10 вработени

Програмата се спроведува во партнерство со:

Средствата се обезбедени од гаранциите од Програмата за вработување и социјални иновации (EaSI), финансирани од Европската унија преку Европскиот инвестициски фонд.