Челичната индустрија во земјава ја чекаат тешки моменти ако Македонија не биде изземена од мерките на САД и ЕУ за ограничување на увозот на челични производи – аларимираа од здружението на металургија . Последиците од вакивите рестриктивнои политики ќе одразат на борјот на вработени, но и врз вкупната економија, велат бизнисмените од овој сектор .
„Американската администрација да не го истура гревот на нас заради овие увози што се прават на нејзиниот пазар и да побара наше изземање по адонесените мерки, бидејќи постоои постапка за изземање, тука е обврската на нашата економскадипломатија да ги превземе сите потребни чекори да направи обид да бидеме изземени од овие мерки“ – изјави Митко Кочовски – Здружение на металургија при Стопанската комора на Македонија.
Во челичарската индусрија се вработени околу 15 000 луѓе и сега со најавените ограничување, можни се откази. Оваа индустрија во Македонски Брод учествува со 5,7%. Токму затоа овој сектор е значен за домашната економија, велат од здружението.
„Нашава економска дипломатија треба сериозно да укаже на рефлексиите на последиците од овие царински заштити што ги воведува Унијата за развојот на целата национална економија. Имајќи го в предвид, влијанието на оваа индустрија врз целокупните економски состојби во Македонија, врз вкупните економски показатели и вкупниот увоз и врз производството во поврзаните индустрии со коишто оваа индустрија развива силни репродукциски поврзаности.“ – изјави Кочовски.
Светскиот пазар со челик стана ранлив откако САД и Кина влеога во трговска војна за оваа индустрија, воваедувајќи меѓеусебни санкции и ограничувања. Денеска, Кина поднесе жалба до светската трговска организација поради давачките што воиведе САД. Во Европската унија извезуваат пет македонски производители на челични производи „Макстил“, кој е водечки според колечината на извосот, потоа следуваат „Митал“, кавадаречката ИГМ – Трејд, „Дојран стил“ и ФЗЦ 11 Октомври со 20.000 тони на челични производи.