Почитувани,
Во име на тимот на Народната банка и во мое име ви ја честитам Новата 2020 година. Нека ни биде година на успеси, совладани предизвици и нови перспективи.
Како централна банка, ние и натаму ќе го даваме нашиот максимален влог за просперитетот на македонската економија – ќе спроведуваме соодветна монетарна политика и ќе ги одржуваме макроекономската и финансиската стабилност. Но, во исто време, ќе бидеме посветени и на низа нови проекти со коишто не само што ќе го унапредуваме нашето работење, туку и ќе придонесеме за создавање нови придобивки за секој граѓанин и за општеството во целина.
Ако сите го дадеме сопствениот максимум во остварувањето на целите и задачите коишто ги имаме, напредокот и благосостојбата ќе бидат неизбежни. Посакувам да нѐ служи добро здравје и среќа за да успееме во тоа.
Нека ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме! Меѓу нив и нашата заедничка желба за натамошен економски развој и поквалитетен живот.
Среќна Нова 2020 година!
Срдечно,
Гувернер
Анита Ангеловска-Бежоска