Преку Програмата за поддршка на зелената економија (ГЕФФ) што ќе биде презентирана денеска, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува со финансирање на домаќинствата за зголемување на нивната енергетска ефикасност. Станува збор за кредитната линија вредна четири милиони евра што ќе се пласира преку Охридска банка Сосиете женерал и Шпаркасе банка Македонија.
Дополнителни четири милиони евра е планирано да се реализираат преку други локални банки.
Средствата треба да им помогнат на домаќинствата да ги намалат емисиите на гасови и да го подобрат својот животен стандард.
На конференцијата за промоција на ГЕФФ што ја организира ЕБОР ќе се обратат вицепремиерот Кочо Анѓушев и раководителот на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Македонија Никола Бертолини.
ГЕФФ за Македонија е дел од Програмата за Западен Балкан проектирана на 85 милиони евра