НЛБ Банка АД Скопје ја известува јавноста преку Македонска берза дека членот на Надзорниот одбор, г-дин Абдулменаф Беџети во изминатиов период се има стекнато со 288 акции на Банката, додека пак членот на Управниот одбор на Банката, г-дин Дамир Кудер се има стекнато со 47 акции издадени од НЛБ Банка АД Скопје.
Вкупниот број на акции здадени од НЛБ Банка АД Скопје, во моментов изнесува 854.061 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 13.800,00 денари.