Денес. четврток 14/09/2018 на Македонската берза беше забележан одреден чуден феномен со акциите на струмички „Герас Цунев Конфекција АД“ и „ Герас Цунев Трговија АД“ , двата ентитети се од Струмица.
Имено, „Герас Цунев Конфекција АД “ доживеа скок на своите акции од неверојатни 66,67 % само во еден ден, со истргувани 1.094 акции преку Македонска Берза.
Во меѓувреме, „ Герас Цунев Трговија АД“ кои се поврзани субјекти, доживеа пад на цената на акциите и за само еден ден изгуби 8,26 % од вредноста со истргувани 1155 акции.
Што е исто така индикативно е порамнувањето на цената на акциите на двата ентитети на 500 денари.
Во суштина ова поравнување на цената и не мора ништо да значи, но останува нејасно како „Конфекција“ доживеа таков драматичен раст за еден ден, а „Трговија’ и покрај истргуваните 1.155 акции загуби 8,26 % од вредноста.
БанкоМетар.мк останува посветен на следење на движењата на берзата и свежи информации во врска со најголемите отстапки на берзанските цени.