За преработувачката месна индустрија, е неразбирливо зошто државата ја одржува апсурдната ситуација во која го штити домашното производство на свинско месо кое не може да го задоволи домашниот пазар.
Преработувачите на свинско месо велат дека поради болеста и на европскиот пазар има недостиг на замрзнато месо, па цената на овој вид суровина за нив на берзите редовно расте, што влијае и на крајната цена на нивните производи.
– И сега имаме состојба во која секоја нова нарачка на смрзнато месо е со повисока цена, но многу поголем недостиг на вакво месо ќе се почувствува со почетокот на туристичката сезона кога Шпанија од каде најмногу се увезува замрзнато свинско месо, ќе почне да ги снабдува тамошните туристички капацитети и ќе ги намали количините за извоз. Тоа ќе значи и повисока цена на месото на берзите, а транспортот од подалечните земји од каде што се увезува смрзнато месо дополнително ќе влијае на цената. Кај нас има уште еден проблем, односно уште една давачка која дополнително ни ги зголемува трошоците во производството, а тоа е царината на која државата инсистира, иако во земјава веќе имаме недостиг од свежо свинско месо поради случувањата со африканската чума од минатата година. Сето ова ќе влијае и на цената на нашите крајни производи – вели Благоја Бајдовски од компанијата „Екстра меин“ од Куманово.
За преработувачката месна индустрија, вели тој, е неразбирливо зошто државата ја одржува апсурдната ситуација во која го штити домашното производство на свинско месо кое не може да го задоволи домашниот пазар.
– Апсурдно е што државата ги задржува царините за увоз на смрзнато свинско месо иако знае дека домашното производство на свежо свинско месо од година во година се намалува, а годинава мора да увезува вакво месо поради последиците од свинската чума. Со ваквата политика го загрозува производството на преработки од месо, а компаниите ги доведува до состојба да не можат да исплаќаат повисоки плати иако имаат недостиг на работници. За да ги помогне, државата ќе треба да ги тргне царините, но за возврат ќе добие повисоки даночни приходи, бидејќи компаниите ќе го зголемат производството, ќе примат нови работници, ќе ги зголемат платите и со тоа ќе плаќаат повисоки даноци – вели тој.
Целиот текст тука https://plusinfo.mk/