Употребата на цигари може да биде запрена во САД, делови од Европа, Австралија и големи делови од Латинска Америка доколку продолжи сегашниот тренд на опаѓање, објави Блумберг.

Според новиот извештај, пушењето во многу земји може да се сведе на минимум во следните 30 години, со тоа пушачите да се откажат или да се префрлат на алтернативни производи. Пушењето ќе исчезне до 2050 година во САД, делови од Европа, Австралија и големи делови од Латинска Америка доколку продолжи трендот на опаѓање забележан во последните децении, пишува аналитичарот Адам Спилман.

Индустријата за тутун претрпува некои од најголемите промени во својата историја: бројот на деца во моментов кои пушат е намален за скоро три четвртини во последните 20 години, а употребата на цигари кај возрасните исто така опаѓа за прв пат.

Филип Морис Интернешнл, производител на цигарите Марлборо и Честерфилд, исто така рече дека може да ја намали продажбата на нивото од пред 10 години, предизвикувајќи соработка со конкуренти како што е „Бритиш американ тобако“ а особено во делови кои се алтернативи за пушењето.

Според извештајот, Алтриа Група заостанува најмногу затоа што оваа американска корпорација го темели 82% од својот бизнис на производство и трговија со цигари, вели Спилман.

Сепак, производите од новата генерација го забавуваат падот на употребата на никотин на многу пазари, а на некои може да го забрзаат, напиша аналитичарот. Во земји како Кина, Франција и Русија, пушењето цигари најверојатно ќе биде исто во 2050 година.