Според извештајот на Eкономист Интелеџенс Јунит за трошоците на живот во светот за 2023 година, високата цена на сопственоста на автомобили, скапиот алкохол и зголемените цени на храната го турнаа Сингапур пред американскиот град, со кој минатата година го делеше првото место.
Цирих од шестото место минатата година скокна на првото, кое го дели со Сингапур, делумно благодарение на силниот швајцарски франк, како и скапите намирници, покуќнината и рекреацијата. Женева, изедначена со Њујорк на третото место, а Хонг Конг ја заокружија листата на првите пет најскапи градови. Севкупно, глобалните цени се зголемија во просек за 7,4% на годишно ниво во локална валута, што е малку помалку од минатогодишниот раст од 8,1%. Кинеските градови беа меѓу најголемите двигатели на листата, главно поради бавното закрепнување на земјата од пандемијата и намалената побарувачка на потрошувачите. Лос Анџелес (шести) и Сан Франциско (10-ти) беа единствените други американски градови кои влегоа во топ 10. Најевтиниот град остана Дамаск, и покрај тоа што трошоците за живот таму се зголемија за 321 отсто.
Мексиканскиот Сантијаго де Керетаро беше меѓу првите светски двигатели на листата откако пезосот зајакна во однос на американскиот долар. Послабиот јапонски јен доведе до пад на Токио за 23 места, на 60-то, а Осака за 27 места на 70-тото место. Истражувањето беше спроведено помеѓу 14 август и 11 септември и спореди повеќе од 400 индивидуални цени во 173 градови низ светот, пренесува Каматица.рс.