Централна кооперативна банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишна камата, по каматна стапка од 2,2% на годишно ниво на имателите на конвертибилни обврзници со ИСИН MKSILB200014 и шифра CKBKO.
Исплатата на каматата ќе се изврши на 22.3.2021 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на конвертибилни обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 21.3.2021 година.