Централна кооперативна банка АД Скопје известува дека на ден 21.03.2019 година заврши емисијата на долгорочни должнички хартии од вредност – прва емисија на конвертибилни обврзници.
Јавната понуда на хартиите од вредност е одобрена со Решение УП 1 Број 10-72 од 18.01.2019 година на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневниот весник „Нова Македонија“ на ден 05.02.2019 година, а на веб страната на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје на ден 05.02.2019 година, кога беше објавен и Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.
По завршувањето на рокот за реализација на јавната понуда, од понудените 5.000 конвертибилни обврзници од прва емисија, продадени се вкупно 5000 конвертибилни обврзници од прва емисија, во вкупен износ од 5.000.000,00 Евра односно 307.475.000,00 денари, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 100%.
Хартиите од вредност ќе бидат пријавени за упис во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Правата од хартиите од вредност настануваат по уписот на хартиите од вредност на сметка на сопственикот во Депозитарот за хартии од вредност.