Ве информираме дека ЦКБ воведува EMV 3DS V2 протокол како највисоко ниво на безбедност за извршување на интернет плаќања ширум светот.
EMV 3DS V2 е највисок меѓународен стандард кој овозможува заштита при вршење на интернет трансакции во земјата и странство. Со воведување на овој протокол, при вршење на секоја интернет трансакција, Банката преку СМС порака ќе достави до корисникот еднократна лозинка на мобилниот телефонски број која е потребна за комплетирање/извршување на трансакцијата. Од таа причина, сите клиенти потребно е да имаат пријавено валиден мобилен телефонски број.
Ве молиме редовно да вршите ажурирање на мобилните телефонски броеви, бидејќи во спротивно кога ќе се имплементира во продукција нема да биде возможно извршување на интернет плаќања.