Сепак, компанијата ја одржува својата прогноза за 2020 година.
Кока-кола во петокот објави дека епидемијата на коронавирус може да ја намали заработката по акција за два центи во првиот квартал, пренесува CBNC.
Глобалниот гигант за пијалаци предвидува дека вирусот ќе ја погоди нивната квартална заработка за 1 до 2 центи по акција, обемот на трговија од 2% до 3% и органските приходи за 1% до 2%.
И покрај негативното влијание на епидемијата врз нејзините финансиски резултати за првиот квартал, компанијата сè уште очекува да ги исполни своите цели за годината.
Кока-кола предвидува дека во 2020 година нејзините органски приходи ќе пораснат за 5% и прилагодената заработка ќе се зголеми за 7% на 2,25 $ по акција. Во 2019 година компанијата објави нето продажба од 37,3 милијарди американски долари и заработка по акција од 2,07 долари.
Компанијата, која има пазарна вредност од 256 милијарди долари, порасна за 30% во последните 12 месеци.
Директорите на „Кока-кола“ им кажаа на аналитичарите кон крајот на јануари дека Кина генерирала околу 10% од вкупниот обем на продажба на компанијата, но помал процент од профитот и приходите.
Компанијата ќе обезбеди повеќе информации за влијанието на епидемијата врз бизнисот кога ќе го објави својот извештај за првиот квартал во април.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк