Претседателот на Институтот за светска економија од Кил, Габриел Фелбермајер очекува дека поради вирусот секоја личност во Германија ќе биде посиромашна за 2.600 евра.

„Ако се остварат прогнозите на владата, тогаш кризата секој германец, вклучително и деца и постари лица, ќе ги чини по 2.600 евра“, изјави тој за Bild.

Укажа и на тоа дека износот може да достигне до 3.500 евра, ако работите тргнат по лоша насока.

За разлика од германската влада, која проценува дека економијата ќе биде изложена на пад од 6,3 проценти, Фелбермајер прогнозира и минус од над 10 проценти, ако дојде до нови рестрикции порсди вирусот.

„Мораме економската димензија на кризата да ја сватиме сериозно“, предупредува тој.