Црните прогнози за македонската економија кои вчера ги објави Светска банка, за експертите се реални и очекувани.  Имаме најлоши бројки од регионот затоа што немаме ниту реформи, ниту капитални инвестиции. Се носат популистички мерки, со краткотраен ефект, за дневно политички поени, сметаат економистите.

Ако ми кажете една работа, еден капитален проект кој ни дава долгорочен ефект, ќе речам ОК е. Не правиме ништо да ја поттикнеме економската активност на државата. Секаде заостануваме како држава. Нема даночни реформи, нема структурни реформи, реформи во правосудството, обарзованието, здравството, изјави Абил Бауш, економски професор.

Раст од само 1,8%, буџетски дефицит од 4,5 отсто и инфлација над 9% прогнозира Светска банка за македонката екоомија. Професорт Бауш вели добро е ако годината ја завршиме со едноцифрена инфлација.  Парите не се бунар без дно, а државта ги троши за се и сешто.

Многу субвенции се трошат за земјоделието. А што имаме инвестирано таму? Дури ни нашата храна, овошјето и зеленчукот, веќе не ја произведуваме. Се субвенционираат смеки за струја за сите граѓани. Стандардот не се поттикнува со замрзнување на цени, додава Бауш.

Со вакви бројки Македонија се движи кон бездна и амбис, смета и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски.

Потрошија повеќе од 20 милијарди евра реално во овие 6 години како власт ништо не испорачаа, напротив последни сме според економскиот раст, први сме во регионот, први сме според инфлацијата, буџетскиот дефицит, практично катастрофа на економски план“, изјави Мицкоски.

Ваков поцрн и посрамотен извештај за македонката економија  не сме добиле, смета и Социјалистичката партија.

Презадолженост, висока инфлација, најнизок раст на БДП, најниски плати, се праметри по кои македонската економија е на дното од регионот.

Влада која не живее во реалноста и се наметнува со мерки кои денес ги носи, а утре ги менува, ги обвинува сите, но не ја гледа погрешната политика што таа ја води во сите области., велат од Социјалистичката партија.

Само за власта Извештајот е позитивен. Сметаат дека владините  политики и мерки даваат резултати. Инфлацијата ќе се намалува, а економиајта ќе расте како што ќе се приближуваме до Унијата, наведуваат од СДСМ .

Инаку минатата недела и ММФ   во извештајот  прогнозира  инфалција од 10% и раст од 2,5 отсто за македонкста економија.