Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денеска одржа работен состанок со земјоделците и откупувачите на домат каде што по завршувањето на состанокот даде изјава за медиумите и информираше дека е постигнат договор за минимална откупна цена на црвениот и розевиот домат.
– Она за што разговаравме денеска е да ја воочиме реалната ситуација со откупот на доматот од реколта 2024 година, каде што имаме зголемено производство во одреден сегмент, но се договоривме со откупувачите дека во наредните денови откупната цена на црвениот домат нема да падне под 30 денари за килограм, додека откупната цена на розевиот домат нема да падне под 35 денари за килограм, изјави Трипуновски.
Тој дополнително информираше и дека во текот на вчерашниот ден одржал работен состанок и со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.
Во текот на вчерашниот ден разговарав со директорот на Државниот земјоделски инспекторат и во име на сите граѓани на Република Македонија дадов налог да се проверува се што влегува во Република Македонија како храна, овошје и зеленчук, се со цел да ги превенираме сите они ситуации кои ги имавме изминативе години, а тоа е влез на неквалитетна и небезбедна храна. Таа обврска веќе од денес стартува на сите гранични премини во Република Македонија, дополни Трипуновски.