18 август 2008 година: регистриран е доменот „bitcoin.org“. Нешто се подготвува. Три месеци подоцна на интернет е поставен текст со наслов: „Биткоин: P2P систем за електронска готовина“. Го напишал мистериозниот Сатоши Накамото.

19 јануари 2009 година: Накамото, чиј вистински идентитет никогаш не е откриен, ги создаде првите биткоин монети. Наводно огорчен поради финансиската криза, поминал повеќе од една година пишувајќи ужасно комплициран софтвер со цел да создаде валута која би била надвор од доменот на традиционалните банкарски системи и монетарни политики.

20 октомври 2009 година: веб-страница со наслов „Њу либерти стандард“ го објавува првиот американски курс за биткоини. Во тој момент биткоинот вредел околу 7 проценти од еден американски цент.

21 мај 2010 година: првото вистинско купување долари со користење биткоини се случува кога Ласло Хањец, кодерот кој претходно дал придонес за создавање софтвер за биткоини, купил две пици за 10.000 биткоини. Во таканаречената „биткоин-заедница“ 22 мај неформално се одбележува како Ден на пицата.

22 август 2010 година: одредени корисници ја искористиле ранливоста на биткоините за да ги заобиколат ограничувањата и да генерираат неограничени количини биткоини. Проблемот се решава во рок од неколку часа, а сите дополнителни биткоини се бришат.

Во раст

27 декември 2010 година: на крајот од првата година од постоењето биткоинот вреди 0,29 долари (0,23 евра), што е голем скок ако се земе предвид дека само една година порано вредел помалку од 1 цент.

28 април 2011 година: оваа криптовалута ја надминува вредноста од 1 долар и оттогаш не паѓа под таа вредност. Биткоинот почнува да привлекува сè поголемо внимание, а инвеститорите, економистите и новинарите сè повеќе се интересираат за него.

29 ноември 2011 година: раните знаци за нестабилност на биткоинот стануваат очигледни во 2011 година. Од вредност од 22,59 долари во јуни, до 14 ноември паѓа на 2,26 долари, што е пад од 90%.

30 ноември 2013 година: бидејќи полека добивал на вредност во текот на 2012 година, биткоинот расте со многу побрзо темпо во 2013, што кулминира со огромен бум кон крајот на годината, кога биткоинот првпат достигнува цена од 1000 долари. Најголема вредност достигнува кон крајот на ноември, но во првите месеци од 2014 година таа вредност непрестајно се намалува. Неговата вредност флуктуира помеѓу 800 и 200 долари во текот на следните 3 години.

Поширока привлечност

11 декември 2014 година: „Мајкрософт“ почнува да го прифаќа биткоинот како исплата за софтвер.

12 септември 2015 година: британската банка „Барклиз“ најавува дека ќе почне да го прифаќа биткоинот за своите трансакции и е првата ваква институција во Велика Британија и во САД што го прави ова.

13 март 2016 година: владата на Јапонија признава дека виртуелните валути имаат слична и легитимна функција како парите.

14 јануари 2017 година: биткоинот ја започнува најдраматичната година во својата историја со вредност под 1000 долари.

15 јуни 2017 година: По неколку месеци постојан замав, во кој е надмината вредност од 3000 долари, биткоинот одеднаш губи речиси петтина од својата вредност по зачестените критики од водечките финансиски институции.

Биткоинманија

1 септември 2017 година: проблемите се краткотрајни. Во август ја надминува вредносната граница од 5000 долари и со тоа започнува несопирлив раст во интересирањето, што доведува до тоа биткоинот со месеци да доминира на насловните страници низ светот.

2 декември 2017 година: и покрај вртоглавиот раст, сè почесто му предвидуваат пропаст. На 2 декември од Француската банка изјавуваат дека биткоинот не е валута и нема економска основа.

3 декември 2017 година: биткоинот ја остварува најголемата вредност до тој момент од 19.783 долари. Никогаш повеќе не ја достигна таа сума. Настапи серија од падови, закрепнувања, па уште поголеми падови, па до 2018 година биткоинот вреди околу 14.000 долари.

4 јануари 2018 година: онлајн-компанијата за плаќање „Страјп“ најавува дека ќе ја укине поддршката за плаќање на биткоините по 2 дена откако Јужна Кореја забрани анонимно тргување со биткоини.

5 февруари 2018 година: вредноста на биткоинот се намалува во текот на целиот месец, а во последната недела од јануари и на 2 февруари сите се немилосрдни кон биткоинот. Сега вредноста лебди околу 6000 долари, Августин Карстен, новиот шеф на Банката за меѓународни порамнувања, изјавил дека биткоинот станал мешавина од „меури, инвеститорски измами и еколошки катастрофи“.