Сакам да го прашам господинон „фенси цвикера и хипстерска патика“, воедно и најпродаваниот плагијатор во Македонија кој моментално го водит ФИТР – Коста Петров – до кај е проектот за носење на дигитални номади во Охрид?

Пошо го најавуваше пред некое време како голем и напреден проект, реков да прашам до кај е работава?

Проектот кога го најавуваше ми делуваше смешен, ама моментално состојбата на терен е – да не речам – трагична. Доколку го занимат на дотичниов состојбата на терен – во врска со доаѓањето на дигиталните номади – еве еден краток апдејт:

Моментално номади имаме, не се дигитални додуша, но се номади без сомнение. Наместо лаптопи и хај-фај опрема – овие носет легени со патлиџани и пиперки, мислиш ајвар ќе прает. Не седет по неколку месеци, па да хипстерски под некоја сенка работат од компјутер, овие седет два-три дена, најчесто пред да идат за Грчка, или откако изебани или заразени од Делта сојот – се враќаат од Грчка.

Дека носат субкултура носат, ама не е хипстерска – ами изворно македонска. Се доаѓа, се креват цел КАМ или Стокомак, се оди во смештајот и пирот почнува. Се јадат најквалитетните замрзнати ќебапи и се пие најдоброто пиво од пластика. Ѓубрето се расфрла исклучиво низ паркови и по кејот – по скопски.

Кога одат овие номади по плаживе се фура ракија од матарка и се мези спремна шопска од маргарин-пластична кутија од 1 кг.

Или, особено дигиталниве номади го сакаат потегот кај Љубаништа за правење скара. Тогаш, во поголеми номадски групи се разменуваат разни системски инжинерски концепти. Па откако ќе се доразменат, сите мрсни лајна и пластични пива кои ќе останат се расфрлаат што подесиментинирано низ целата природа.

Исто така, овие дигитални номади ги носат и возачките култури од своите јазбини. Правила има нови за сообраќај. Се паркира по иновативни методи. Кружен тек не можат едноставно со години да го разберат – едноставно не им е – по концептот.

Еден ваков номад – по мој слободни проценки – дневно остава во градов од 2-4 евра.

Да не биде дека само номадиве кои идаат ги напаѓаме, ќе кажам и збор два за локалниве бачила:

Прво, локалнава самоуправа тотално нема концепт што и како да прави со градов. На повеќе нивоа. Тој што го води градов ниту има визија, ниту знаење, ниту храброст, ниту волја за живот да бидам искрен. Случајно најден опортуниста кој нема допирна точка со економско-општествените текови на локално и глобално ниво. Исто како и неговите претходници, без исклучок. Се помочаа в гаќи од еден криминалец кој ги превзеде пола стопански активности во градот. Но ништо не ме чуди од овој народ – од прв до последен од водството се робови.

На второ ниво – се вработените во локалната самоуправа. Тука сликата е уште потажна. Кој немаше доволно бодови да се запише на регуларен државен факултет во Скопје, па со пробисветски блесок во очите изшемаја Фонови, Прилепи, Турзми факултети, е сега овие ПОСЛЕДНИ фаци треба да смислат и водат некоја политика? Да не се мамиме.
Трето ниво во локалната самоуправа се еден куп дами со сумљив морал и расходовани газови. Преку нив одат повеќето документи во системот. Мора да познаваш локална фукара за да завршиш некоја работа. Нормално неписмена…
Четврто ниво е ЛЕР – или кратеница од Локален Економски Развој – тука се уште потрагични ликовите и акциите. Ниту знаат зошто се таму, ниту кој – освен партијата – знае што прават таму. Немаат искористено денар од ЕУ фондови, дебили е слаб збор за оваа збирштина. Е, во оваа ЛЕР-овица – старт ап хаб или акселератор сметаат дека треба да биде простор кој е општински и ќе го изрентаат и во него ќе се прават ѓумчиња, везени работи, плетени торбички и сувенирчиња и ќе им ги увалуваме на Холанѓаниве – кои оваа година ги нема.

Со еден збор – кога ќе видиш на централно и локално ниво ја имаме онаа К-15 ситуација : Ја не знам кај сум, ти не знаеш кој си….

Затоа прашувам до кај сме со проектот за да дојдет дигиталните номади – пошо со изворниве номади – транвајов наречен желба се претвори во циркуз наречен Охрид.

 

Наум Димитровски