Државата сака да се вклучи приватниот секрот во локалниот се со цел да има поголем економски развој.Меморандум за соработка за вклучување на приватниот сектор во проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе потпишат денеска министерот за економија Крешник Бектеши и раководителот на проектот Мирјана Македонска.
Целта на партнерството е создавање подобри услови за вклучување на компаниите во процесот на локалниот економски развој преку иницијативи кои носат придобивки за компаниите, но и за пошироката деловна средина.
Најавени се обраќања на министерот Бектеши, заменикот раководител на Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија, Брок Бирман, и претставникот на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери.