Казина и обложувалници да работат само во хотели со 5 ѕвезди, рекламите да не бидат поголеми од 50 на 30 см, а секој дополнителен квадратен метар реклама да се плаќа по најмалку 200 евра, а тие пари да се собираат во посебен фонд и да се користат за лица со поесбни потреби.
– Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички – рече Села,а неговите пратеници ќе бараат измени во Законот за игри на среќа. Воедно, рече, бараме да се ограничи рекламирање на игри на среќа.
Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување.
Села рече дека предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи.
-Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават – нагласи лидерот на Алијанса за Албанците.
Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.