Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ ќе затвори 1.100 менаџерски позиции низ целиот свет, што претставува околу 10% од работните места во управувањето, објави весникот „Зидојче Цајтунг“, повикувајќи се на внатрешен циркулар од работничкиот совет на компанијата.

Портпаролот на работничкиот совет во Дајмлер го одби барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Новиот главен извршен директор на Дајмлер, Ола Калениус, треба да објави ажурирана стратегија за компанијата на 14-ти ноември, што може да вклучува мерки за намалување на трошоците.

Дајмлер претходно објави дека компанијата работи на анализа на трошоците за да му помогне на овој производител на автомобили, камиони и автобуси да останат конкурентни. Детали за стратегијата ќе бидат откриени во текот на денот на пазарот на капитал на автомобили.

„Ние сме во конструктивни разговори со претставниците на вработените и не можеме да ги коментираме шпекулациите“, рече Дајмлер, додаде Ројтерс.

Компанијата претрпе нето загуба од 1,2 милијарди евра во вториот квартал, што е прва квартална загуба за 10 години.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк