Оваа недела познатиот економист Нуриел Рубини изјави дека Бит-коинот ке падне на нула и целосно ке ја изгуби својата вредност.На оваа изјава дебатираше Макс Кајзер, хостот на емисија за бизнис на Russia Today.Според него изјавите на Рубини се без основа и не даваат никакво образложение ниту простор за дебата.
Според овој американски економист, кој претходно го нарече Бит-коинот “најголемиот меур во човековата историја “, тргувачите ќе го искористат овој момент да ја намалат цената на крипто-валутата со цел да го изманипулираат пазарот и остварат добивка. Според Кајзер оваа техника наречена Wash trading, влкучува тргувачи кои ги купуваат и веднаш продаваат своите нарачки како би влијаеле врз промената на вредноста на конкретната валута на пазарот.